среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 1
home Вести

Мијалков заминува во притвор во Шутка

Мијалков заминува во притвор во Шутка
МИА

Судечкиот совет одлучи Сашо Мијалков да замине во притвор, наместо во куќен притвор, откако таква мерка побара обвинителката Ленче Ристоска по изрекување на првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“ со која тој доби 12 години затвор.

Притворот тој ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Се укинува мерката куќен притвор. Се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог, па согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), притворот може да трае најмногу 60 дена“, рече судијката Џенета Бегтовиќ.

Обвинителката бараше притвор од неколку причини. Една од нив е тоа што МВР испратило известување дека не поседува техничка опрема за 24-часовен видео и електронски надзор.

“Понатаму, од Европол потврдени се податоците дека има дозвола за престој и регистрирана адреса во Прага, Чешка, каде има и две возила на свое име, а предлагам да се цени и фактот дека се работи за човек кој е добро ситуиран, поседува приватни бизниси, исто како и членовите на неговото семејство и сето тоа му овозможува да организира логистика и комотно да живее во странство”, рече Ристоска доставувајќи му на судот извештај од тековните состојби на фирмите на Мијалкови.

Тони Јакимовски, за кого Ристоска побара притвор поради зголемена опасност од бегство со оглед дека со неправосилната пресуда денеска доби 6 години затвор, а на исто толку неправосилно е осуден и во случајот “Спец каса во УБК”, судот одлучи да оди во куќен притвор.

Притвор судот одреди и за бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кли добијс по 15 години затвор, а кој притвор би стспил на сила когс тие ќе бидат достапни на македонските органи на прогонот.

И во пресрет на изрекување на пресудата, Обвинителството во неделата бараше притвор за Мијалков поради добиени информации дека се подготвува бегство. Судот, наместо притвор, тогаш му изрече куќен притвор со 24 часовен надзор, но во попладневните и вечерните часови во неделата не можеше да го пронајде за да го му го врачи решението.

Надлежните распишаа и меѓународна потерница, неговите блиски беа повикувани во полициска станица за да се добијат сознанија за бегството, но по два дена, во вторникот попладне, ексшефот на УБК сам се пријави во Обвинителството за да го подигне решението.

Неговото оправдување за недостапноста пред камерата на 24ТВ беше дека имал температура од 40 степени, се изолирал и не знаел дека го бараат. Во вторникот вечерта околу три часа тој се задржа во Обвинителството од каде беше однесен во домашен притвор.

Локални избори 2021