понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 189
home Вести

Мијалков во куќен притвор ќе има и 24 часовен видео и аудио надзор

Мијалков во куќен притвор ќе има и 24 часовен видео и аудио надзор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“, во попладневните часови се јави во Обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја повлекло жалбата која ја поднесе до Апелација, а со која бараше, наместо куќен, на Мијалков да му се определи притвор кој ќе го издржува во затвор.

Коронавирус