недела, 9. мај 2021. Вести денес: 114
home Вести

Михајловски: За Емилија, донор на органи, немало кола, за заразен терорист во служба на психопатолошкава елита има сè

Михајловски: За Емилија, донор на органи, немало кола, за заразен терорист во служба на психопатолошкава елита има сè

Не стивнува револтот на јавноста за појавувањето на болната пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска во скафандер во Собранието.

Пратеничката која е позитивна на Ковид-19 беше доведена со возило на Брза помош, кое беше резервирано за неа цел ден додека беше во Собранеито.

-“Кога ја однеле мајка ми во Гевгелија прашале зошто никој не им одговорил на телефонот на Брза помош. Им рекле- ако чекате да дојде превоз од Гевгелија жената ќе си починела таму кај што паднала, добро е што сте ја донеле со ваша кола” За Емилија, донор на органи немало кола. За заразен терорист во служба на психопатолошкава елита има се, пишува Тони Михајловски на Фејсбук и ја пренесува изјавата на ќерката на Емилија Динева од Гевгелија, првиот донор на срце во Македонија.

 

Коронавирус