Со бројките на оние кои ќе се попишат во дијаспората потешко е да се манипулира, а целиот попис ми личи на наместена работа, рече Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.
За мене, рече Михајловски, попсиот е математичка задача со однапред определен резултат.
„Затоа ги повикувам граѓаните да го спречат фалсификатот, ние како партија собираме потписи за поништување на Законот за попис и ги повикувам да се потпишат. На Македонија и треба попис, ама реален, за да знаеме колку сме и какви политики да креираме“, рече Михајловски.
Тој укажа дека за да има попис треба да се спроведе повикот на претседателот Христијан Мицкоски.
„На место е прашањето дали се спремни да ги вакцинираат попишувачите. Како тоа че се оди од дом во дом во ситуација на пандемија“, рече Михајловски.