четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Михајловски: Нападнати сме од домашниот предавник, тоа е Заев, треба да го исфрлиме и да продолжиме да живееме горди

Михајловски: Нападнати сме од домашниот предавник, тоа е Заев, треба да го исфрлиме и да продолжиме да живееме горди

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мото „Оставка на Заев, слобода на народот“ порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев.

– Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е македонски. Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци. Не ни веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и се вика Зоран Заев, рече Михајловски.

Михајловски укажа дека е сега моментот кога треба да се заборават ситните интереси и да си подадеме рака без разлика на идеологиите, филозофиите, јазикот кој го зборуваме и да застанеме во одбрана на јазикот и држава.

– Нападнати сме од домашниот предавник, треба таа змија да ја исфрлиме и да продолжиме да живееме горди. Овде сме да повикаме на заедништо, да застане брат до брат, да му плукнеме на овој изрод и да го отераме на ѓубриштето на историјата, да покажеме дека сме единствени, да покажеме дека не му се плашиме на Заев. Да излеземе сите еден до еден и додека не замине да не се враќаме во нашите домови, рече Михајловски.

Коронавирус