четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Михајловски: Европа цени дека хибридниот режим на власт нема демократски капацитет, мириса на предвремени избори

Михајловски: Европа цени дека хибридниот режим на власт нема демократски капацитет, мириса на предвремени избори

Ако ги согледаме сите овие шлаканици кои ги доби овој тоталитарен и хибриден режим, мириса на предвремени парламентарни избори, вели Тони Михајловски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Според Михајловски Европа цени дека нема демократски капацитет на оваа влада, а тоа е основната водилка на европската заедница и меѓународната дека ако ги кршите демократските правила тога сте непријател.

-Се повеќе сериозни институции и личности ја критикуваат оваа лажлива влада, укажуваат на нејзината неспособност, криминал, корупција, на лошото работење, се она што не носи во бездна на крајот на краиштата и тоа значи дека крајно време е да си замине оваа власт. Се води кон предвремени парламентарни избори заедно со локалните, потенцира Михајловски.

Михајловски истакна дека по овие шамари од светските институции за власта, дури и шарените револуционери кои беа гласни против власта на ВМРО-ДПМНЕ, сега се каат и се повеќе го вртат грбот на владата на СДСМ и се приклучуваат на таа линија дека нешто не е во ред со оваа влада и дека мора да си замине.

-Сепак најголемата шлаканица што ќе ги заболи е шлаканицата од народот, кој ќе ги казни на избори, за цело ова антидржавно и криминално владеење, нагласи Михајловски.

ЕУРО 2020

Македонија