недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 74
home Вести

Михајловска Василевска: Ние се уште програмата за промоција за 2021 ја немаме како бизнис сектор, не знаеме што промовираме

Михајловска Василевска: Ние се уште програмата за промоција за 2021 ја немаме како бизнис сектор, не знаеме што промовираме

„Ако говориме каде е Македонија на туристичката карта како туристичка дестинација, ја нема никаде. Ние може да направиме каков сакаме слоган, но нас не нема во Србија, нас не нема во Црна Гора, нас не нема во Албанија, нас не нема во Босна со промоција. Ние се уште програмата за промоција за 2021 година ја немаме како бизнис сектор, не знаеме што промовираме“, нагласи Даниела Михајловска Василевска од Стопанска комора во емисијата „Топ Тема“.

Михајловска Василевска додаде дека програмата се уште ја нема Стопанската комора.

„Ние не знае што е тоа, каде продаваме, што продаваме, како ја продаваме Македонија“, запраша Михајловска Василевска.
Михајловска Василевска посочи дека од власта никој не праша како државата да се промовира како туристичка дестинација.

ЕУРО 2020

Македонија