недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 84
home Вести

Михаилов: Во очи на вториот круг во „Македонски шуми“ се врши злоупотреба на службената должност од страна на голем број вработени и огромен притисок врз населението!

Михаилов: Во очи на вториот круг во „Македонски шуми“ се врши злоупотреба на службената должност од страна на голем број вработени и огромен притисок врз населението!

Се вршат класични ЗЛОУПОТРЕБИ на службените должности од страна на голем број вработени во шумарството и огромни притисоци врз населението!, реагира преку социјалната мрежа на ФЕјсбук Кире МИхаилов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од објавата на Михаилов:

Во очи на вториот круг од гласањето на овие избори во кои СДС ќе изгуби катастрофално, морам ЈАВНО да се обратам на колегите во “МАКЕДОНСКИ ШУМИ” и останатата шумарска фела!

Имено, деновиве до мене стигнаа и стигнуваат лавина од податоци и информации за невидено голем основан сомнеж за класични ЗЛОУПОТРЕБИ на службените должности од страна на голем број вработени во шумарството и огромни притисоци врз населението!

Постојат основани сомненија дека;

– се издава дрвна маса по основ на таканачена селска сеча и истата се наплаќа десеткратно помалку, а со тоа се оштетува буџетот на РМ за илјадници евра;

– се издава ОТПАД после сеча во оддели кои замислете нема ливче останато, камо ли отпад, а врз основа на тие решенија се врши сеча во непредвидени други околни оддели;

– се врши закана врз одредени субјекти кои работат во шумарството дека доколку не дадат поддршка на кандидатите на СДС нема да им се прават договори за работа;

– се врши огромен притисок и најразновидни закани врз колеги кои се неистомисленици со актуелните раководства;

– во одредени делови се дистрибуира дрвна маса без соодветна документација и секако без да ја плати населението, а со цел поткуп за гласање на изборите во недела;

– невидена злоупотреба на службените возила и машини кои се сопственост на претпријатието;

… и уште многу информации кои стигаат од теренот, а се секако фрапантни и казниви согласно законите во РМ.

Затоа, уште еднаш ќе потенцирам, упатувам ЈАВЕН повик до вработените да престанат со злоупотребите затоа што за кратко време доаѓа одговорност и никој нема да виде поштеден!

Исто така, упатувам јавен повик до вработените колеги и секако населението како и досега да ги нотираат сите злоупотреби затоа што шумата не е ничија своина, таа е наше заедничко богатство, богатство на сите граѓани на Македонија и никој не смее со шумскиот фонд да се однесува како тоа да му е дедовина.

ЈАВНО информирам дека за оние случаи за кои имаме конкретни податоци за злоупотреби ВЕДНАШ ќе поднесеме кривични пријави до МВР и ОЈО, а Ве уверувам дека за неколку месеци од сега по промената на власта за истите ќе има и разрешници, а одговорните ќе одговараат!, пишува Михаилов во својата објава.

Најнови вести

Коронавирус