сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 51
home Вести

Мицотакис: Оној што гласа „за“ го отвора патот за наводните македонски идентитет и јазик

Мицотакис: Оној што гласа „за“ го отвора патот за наводните македонски идентитет и јазик

Тој што денес ќе гласа „за” го отвора патот за наводниот македонски идентитет и јазик за соседите, рече претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор кусо пред гласањето доверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис, кој во поголемиот дел од говорот се задржа на економијата и на внатрешната политика, му порача на Ципрас „да ги заборави експресните процедури и тајните методологии за да го помине штетниот Договор од Преспа“.

Во однос на заканите до одредени пратеници, лидерот на Нова демократија рече дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење до пратениците, но не со закани и насилство.

– Нова демократија е наспроти секој вид на насилство од каде и да доаѓа, рече Мицотакис.