четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Мицотакис: Ќе гласаме против Договорот од Преспа и ќе се бориме да не се ратификува

Мицотакис: Ќе гласаме против Договорот од Преспа и ќе се бориме да не се ратификува

Нова демократија останува на позицијата дека нема да гласа за Договорот од Преспа и ќе се бори за да не се ратификува. Овој став уште еднаш го повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Киријакос Мицотакис, говорејќи за време на промоцијата на новата книга на потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека тие уште од прв момент изразиле несогласување и приговори за Договорот.

-Рековме дека не можеме, во никој случај да прифатиме договор кој на соседната земја и отстапува македонски јазик и македонска националност. Се плашам дека апсолутно беше оправдана оваа наша критика и остануваме строго посветени на оваа наша позиција. Ќе гласаме против Договорот од Преспа, кога и да дојде во грчкиот Парламент и ќе се бориме за овој договор да не се ратификува, објасни Мицотакис.

Лидерот на Нова демократија, рече дека со Договорот од Преспа, Ципрас и Каменос го дале она што ниту една друга влада на Нова демократија не го одобрила- македонски јазик и македонска националност.

-Денес само господинот Заев има секаква причина да го промовира и да слави за овој договор, бидејќи успеа и доби нешто што ниту една претходна влада не му даде. Едноставно кажано, господинот Ципрас и господинот Каменос, не сакам да го заборавиме него, рекоа „да“, таму каде што Константинос Мицотакис, Костас Караманлис и Андонис Самарас рекоа „не“. И рекоа „не“ поради една многу добра причина. Поради многу конкретна причина. Бидејќи ги гледаа екстензиите што можеше да ги создаде во нашата земја јасното прифаќање на македонски јазик и македонска националност. Ние имаме многу јасен став. За овој став не може да се преговара и со овој став ќе дојдеме во парламентот кога ќе стигне за ратификација договорот, истакна Мицотакис за време на синоќешната презентација на книгата на неговиот потпретседател и сопартиец, Костис Хаѕидакис, пренесе МИА.

Коронавирус