вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 51
home Вести

Мицотакис: Иако не ми се допаѓа, Договорот од Преспа е ратификуван и ќе го почитувам

Мицотакис: Иако не ми се допаѓа, Договорот од Преспа е ратификуван и ќе го почитувам

Имаме меѓународен договор, не ми се допаѓа, но е ратификуван меѓународен договор и ќе го почитувам договорот, рече претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за време на панел дискусијата на Економскиот форум во Делфи, одговарајќи на прашањето дали тие како влада одново би ги отвориле прашањата од Договорот од Преспа со кој што не се согласуваат, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, објасни дека ако постојат прашања на кои можат да работат, ќе го сторат тоа, а акцентот го стави на компаниите од Северна Грција кои го користат терминот „македонски“.

Истакна дека се комплетно незаштитени, бидејќи „не постои заштита на брендот македонски за трговска употреба“.

-Јас правам се што можам за да ја објаснам мојата позиција, сметам дека е многу важно да сфатиме дека постојат суштински чувствителности во Северна Грција. Јасно велам дека мојата главна одговорност, исто колку што ме интересира што се случува на Балканот, не реков дека не сакам договор, но мојата главна одговорност, нема да дозволам овој договор да ја дестабилизира Грција, бидејќи ние сакаме да се стабилизира регионот. И постои голема опасност да се случи такво нешто, посебно поради чувствата кои преовладуваат во Северна Грција. Тоа е во јадрото на идентитетскиот проблем, истакна претседателот на Нова демократија.