петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мицковски: Во М-НАВ вработени роднина на министер, син на директор, сестра на вицепремиер…

Мицковски: Во М-НАВ вработени роднина на министер, син на директор, сестра на вицепремиер…

Ивор Мицковски кој важи за догогодишен поддржувач на ССМ на социјалните мрежи открива дека во државната агенција М-НАВ се вработени блиски роднини на високи владини функционери или коалициони партнери.

-Во М-НАВ, државното претпријатие во кое се исплатуваат плати седум-осум пати повисоки од просечната, од минатата недела е вработен роднина на еден министер од актуелната влада. И таткото на нововработениот работи во М-НАВ. На листата на вработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци се наоѓа и синот на директорот на еден од социјалните фондови, сестрата на еден од вицепремиерите, внуците на директорот на телекомуникацискиот оператор и на висок претставник на помалиот коалициски партнер, синот на пратеничка од истата партија, пишува Мицковски на Фејсбук.

Коронавирус