Поранешниот функционер во СДСМ, Ивор Мицковски ја коментира последната одлука на Советот на Општина Сарај, со која поранешните војници од општината се ослободени од комунални давачки.
Мицковски напиша:
Поранешните војници на ОНА во општина Сарај ослободени од комунални давачки.
Македонија со преку 150 илјади административци, колабиран пензински фонд, и власт и градоначалници во трка нешто глупо да субвенционираат, нема економска логика и одржливост.
Влегле во НАТО или не, ќе завладее анархија тука, права ќе имаат само богатите.