вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 72
home Вести

Мицковски убедлив победник на дебатата со Заев

Мицковски убедлив победник на дебатата со Заев

Откако на вчерашниот ТВ дуел се соочија лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ и премиер на владата на Република Македонија Зоран Заев, се срушија рекордите на гледаност на македонската телевизија.

После 15 годишна дебата помеѓу лидерите на партиите, вчера мразот го скршија Мицкоски и Заев кои тет а тет седнаа на маса на дебатата насловена „Една година власт и една година опозиција“ и ги изнесоа своите ставови околу актуелните политички случувања.

Се отвори голем број на прашања од кои меѓу најактуелните за реформите во македонскиот правосуден систем и актуелните судски одуки, за економијата, капиталните инвестиции како и за надворешните односи на Република Македонија и преговорите за спорот со името.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски најпрво истакна дека во дебата влегува нерамноправен поради тоа што спроти него седи човек кој три пати до сега е помилуван за тежок криминал.

-Неговото искуство вели дека три пати е помилуван за криминал. Еднаш од страна на поранешниот претседател на државата, за познатиот случај Глобал. Вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч и еве сега гледаме на очиглед на јавноста, кога се обидоа да не претстават како слепи и глуви, дека тоа што го слушавме не го слушавме и тоа што го гледавме дека не го гледаме. Во отсуство на транспарентност и јавност, ни беше ветувано дека ќе бидат пуштени сите тие снимки, видовме дека тоа не се случи. И на крајот од денот, сега премиерот, а тогаш градоначалник на Струмица доби ослободителна пресуда. Јас не сум имал такво искуство во животот и навистина споделуваме различни вредности од тој аспект, посочи Мицкоски.

Мицкоски му порача на Заев дека економската состојба во Македонија е на едно катастрофално ниво, посочувајќи дека лошиот економски тим на владата на СДСМ и Зоран Заев нарекувајќи го како економско цунами ја носи државата кон целосен банкрот и крах.

Додаде и дека Зоран Заев не може и не смее да си игра со националните интереси и чувствата на македонскиот народ, како и дека преговорите кои што ги води Заев единствено корист имаат соседните држави, посочувајќи го предлогот Република Илинденска Македонија и асиметричниот договор кој што го склучи Заев со Бугарија.

-Знаете ли кој е најголемиот капитал господине Заев за една држава? Народот. Вие го потценивте народот. Народот сам ќе ја изгради оваа држава, како што ја изградил до сега. Процесот преговори со Европската Унија и процесот на интегрирање во НАТО е паралелен со ова. Народот сам ќе се изгради, само на народот му треба чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на македонската држава. Тоа му треба на народот. Тоа е најголемиот капитал, му порача Мицкоски на Заев.

Дека дебатат помина 3 спрема 0 за Мицковски, покажа и самото траење на емисијата како и социјалните мрежи фејбук и твитер.

На статуси се пишуваше дека Мицкоски е победник во вечерашниот дуел и дека слабата концентрација и незаинтресираноста од стана на Зоран Заев е последица на обидот да го оправда неработењето на владата на СДСМ.

Во неколку наврати Заев во недостиг на одговори и несигурност кажуваше лапсузи на кои секој граѓанин би се смеел. Граѓаните очигледно е дека не се премногу изненадени од неговото однесување, бидејќи не е прв пат Заев да го прави тоа.

Но едно е сигурно, а тоа е дека за овој ТВ дуел и брилијантното излагање и убедливата победа на Христијан Мицкоски ќе се зборува долго време.

Коронавирус