среда, 24. април 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Зоране го газите достоинството на народот и на државата во спорот со името

Мицкоски: Зоране го газите достоинството на народот и на државата во спорот со името

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашниот ТВ дуел на премиерот Зоран Заев му порача дека го гази достонството на народот, но и во процесот за решевање на спорот со името со Република Грција.

Мицкоски го праша Заев, дали знае кој е најголем капитал за една држава, посочувајќи му дека тоа е народот.

Тој додаде дека преговарачките процеси кој што го води актуелната власт на СДСМ е на еден егзибиционистички начин кој е на директна штета на македонскиот народ, истакнувајќи дека и покрај тоа што Заев го потценил народот, сепак народот ќе се издигне врз сите овие понижувања и ќе продолжи да ја гради македонската држава како што тоа го правеле и во минатото.

-Знаете ли кој е најголемиот капитал господине Заев за една држава? Народот. Вие го потценивте народот. Народот сам ќе ја изгради оваа држава, како што ја изградил до сега. Процесот преговори со Европската Унија и процесот на интегрирање во НАТО е паралелен со ова. Народот сам ќе се изгради, само на народот му треба чесни политичари кои што ќе ја водат целокупната обнова на македонската држава. Тоа му треба на народот. Тоа е најголемиот капитал, му порача Мицкоски на Заев.

Вели дека Заев преговорите за името ги започнал егзибиционистички и така ги завршува. Мицкоски констатираше дека со прифаќање на ерга омнес решение, односно име за севкупна употреба, Заев ги кренал очекувањата кај грчката страна со што се загрозиле преговарачките позиции на Македонија, а во иднина очекувањата на грчката страна само ќе растат.

На овој начин, вели, се отежнува преговарачкиот процес на било која иднина влада која преговара за решение на проблемот со името.

-Господинот Зоран Заев излагаше на телевизија, на национален медиум каде што пред граѓаните на Република Македонија кажуваше дека нема да преговара за уставното име на Република Македониј.Господинот Заев за германски Шпигл ќе каже „Нема да го барам решението во промена на Уставот“ . Господинот Заев денеска тука ќе каже дека „го спасил достоинството“. Како го спасил? Не сте го спасиле господине Заев. Вие, Зоране, сте го урнисале целокупниот процес на преговори некој што со години го создавал, вели Мицкоски.

Во повеќе наврати Мицкоски го потсети Заев на неговите изјави за македонски, но и странски медиуми меѓу кои и за германскиот весник Шпигл во кои тој вели дека нема да преговара за промена на уставот на Македонија.

Мицковски уште еднаш го потврди ставот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, дека нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име.