четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Зоран Заев ги угнетува земјоделците, не ги остава ниту да се побунат за неправдите

Мицкоски: Зоран Заев ги угнетува земјоделците, не ги остава ниту да се побунат за неправдите

-Вчера во Долни Подлог се сретнав со измамените оризопроизводители. Им ветувале субвенции ги излажале, им ветувале сигурна откупна цена и за тоа ги излажале. Производството отишло кај локалните шерифи блиски на власта за да им ја злоупотребат маката и се богатат на нивниот грб, изјави вечерва од Штип Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Еден шеесет годишен човек со растреперен глас вели ние сме последните мохиканци кои се занимаат со земјоделие во Македонија, немаме ни за леб, а камо ли да заработиме за нешто. Ни ја земаат храната од уста. А ако кренеме глава ќе не прогласат или за криминалци или за поддржувачи на опозицијата. Ете ова е таа демократска власт на несудениот нобеловец Зоран Заев, кој додека ги угнетува земјоделците не ги остава ниту да се побунат за неправдите, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.