вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 59
home Вести

Мицкоски: Земјава последна ќе се снабди со вакцини против корона, Филипче не е способен да се носи со проблемите

Мицкоски: Земјава последна ќе се снабди со вакцини против корона, Филипче не е способен да се носи со проблемите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Македонскта радио радио телевизија зборуваше за целата ситуација поврзана со КОВИД-19 и рече дека поради неспобноста на властите државата последна ќе се добие вакцина против корона.

-Јас ќе ви ја цитирам изјавата на Венко Филипче кој како министер за здравство кој излегуваше велеше седете дома ако не морате, а не кампања во Штип да тера. Имаме контрадикторни изјави. Луѓе умираат, се заболуваат. Гледаме во Велика Британија каква е ситуацијата, мутира вирусот тоа значи дека во 2021 година ќе имаме проблем со оваа болест и највероајтно ќе имаме проблем и понатаму, но прашањето е што правиме ние, дома. Ако ние не правиме болници, погледнете во соседна Србија 2 ковид центри направи, што направивиме ние?Последни сме со вакцината, тоа е суштината. Сега дали таа била опасна или не била опасна болеста, тоа е друга тема. Што направивме, дали изградивме болници, оспособивме нешто друго, меѓу првите ќе стигне вакцина, не последни сме? Еве денска вели бесплатни вакцини ќе имало за граѓаните. Што да чекаме до април за беспланите вакцини кога според оваа динамика уште 30.000 луѓе ќе ни се испозаразат и уште 1500 до 2000 ќе ни починанат.Ајде прво да направиме масовно тестирање и бесплани тестови, секој кој сака да се тетстира нека се тестира. На што личи ова куќата ќе ја правиме од кровот, откако еден куп луѓе ќе ни се испоразболат и ќе ги загубат своите живот. Не е чесно и не е добар пристапот еве цело време тоа го зборувам и ќе продолжам да го зборам и ќе се борам прорив тоа на начин на кој што нормално ми дозволуваат демократските средства и алатки со кои располагам и ќе продлжам да ги алармирам граѓаните и ќе продолжам да работам без разлика на тоа дали некој тоа му се допаѓа или не, истакна Мицкоски во своето гостување.

Коронавирус