вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Здравјето ќе се запази, пописот е одложен за септември, ќе има измени во Изборниот Законик и на гласање ќе има фингерпринт терминали

Мицкоски: Здравјето ќе се запази, пописот е одложен за септември, ќе има измени во Изборниот Законик и на гласање ќе има фингерпринт терминали

Првиот момент кога се одлучив да предложам тет – а – тет средба се водев од фактот да спасиме што е можно повеќе човечки животи и да превенираме што е можно повеќе македонски семејства кои што ќе се соочат со траумата додека практично ја поминуваат битката со пандемијата предизвикана од КОВИД вирусот, короната. Врз основа на тоа можам да заклучам дека денешната средба и денешниот состанок е позитивен и успешен, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешнта лидерска средба.

-А, врз основа на тоа исто така сакам да додадам дека ја оставивме вратата отворена и за следни средби кои што доколку има потреба би се случувале во периодот кој што следи, бидејќи ние практично сме во војна со невидлив непријател кој што не бира ниту вера, не бира ниту нација, ниту пак боја на кожа. И затоа е потребно да покажеме државотворен капацитет и капацитет со кој што како што кажав на почетокот ќе спасиме што е можно повеќе човечки животи и ќе превенираме семејни трауми. Врз основа на ова што го кажав можам да се осврнам на темите кои што денеска беа разговарани, рече Мицкоси и додаде:

„Би започнал од измените во Изборниот Законик, се согласивме и веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот Законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст или т.н. фингерпринт терминали и очекуваме успешно да биде изгласано во рамките на Парламентот.

Понатаму, се согласивме да ги охрабриме преговорите односно групите кои што во рамките на Парламентот преговараат за останатите измени во Изборниот Законик како што се, измената на изборниот модел во една изборна единица, или доколку има други предлози, понатаму отворени листи за советници на следните локални избори, понатаму избор за градоначалник во прв круг со тоа што би бил задоволен, определен процент од вкупниот број на запишани избирачи во таа општина каде што се бира тој градоначалник, и последно се разбира тука се гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори се разбира надвор од ДКП односно дипломатско конзуларните претставништва, односно онаму каде што дозволуваат законите да се формираат избирачки места надвор од дипломатско конзуларните претставништва. И последно, тоа се имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Тоа е што се однесува до Изборниот Законик.

Втората тема беше работата во Парламентот и се согласивме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во рамките на Парламентот заедно со парламентарното мнозинство, на сите закони кои што се однесуваат на реформската агенда поврзано со интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ. И сите закони кои што се однесуваат на поддршката на стопанството, економијата, граѓаните и борбата против пандемијата. Тоа што во моментов е закочено во процедурите во Парламентот се согласивме дека треба да биде откочено односно заедно опозицијата и власта сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес и интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ, понатаму сите закони поврзани со поддршката во стопанството, граѓаните, борбата против пандемијата да бидат завршени оваа помош да стигне таму каде што е најнеопходна.

Третата тема за која што дискутиравме е процесот на имунизација на населението. Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на месец април по разно разни програми се очекува да пристигнат во државата, да пристигнат во Македонија од прилика околу 350.000 вакцини со што би се започнал процесот на масовна имунизација на населението. А, потоа со сукцесивно и во месец мај што би значело некаде од прилика два милиона дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани кои што би се вакцинирале во периодот кој што следува. Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите што е многу важно ќе се случи пописот и за тоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е планиран да се одложи за месец септември како можен период да биде 5 – 30-ти септември односно 25 дена.

Апликацијата со која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложени за втората половина од октомври.

Од прилика тоа беа темите, ќе ги повторам измени во Изборниот Законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст или познати во јавноста како фингерпринт терминали кои што се многу значајни за подобрување на демократскиот капацитет на самиот процес односно еден човек – еден глас, со што се спречува семејно гласање кое што во минатото беше пракса. Понатаму, работата во Собранието се разбира, информација околу имунизацијата на населението и последната тема одложување на пописот наместо сега во април да биде во септември и како можни термини се земаат 5-ти и 30-ти септември се разбира, а потоа сукцесивно на тоа и измени во Изборниот Законик“.

Најнови вести

Локални избори 2021