вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 42
home Вести

Мицкоски: Зарем сметаат дека вечно ќе владеат, дека вечно ќе можат да штанцаат измислени обвиненија?

Мицкоски: Зарем сметаат дека вечно ќе владеат, дека вечно ќе можат да штанцаат измислени обвиненија?

Случајот 27-ми април е уште еден доказ за политичкиот терор на власта, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Република“.

-Колку повеќе притискаат, колку повеќе сеат магла за овој случај, толку е поочигледно дека така сакаат да избегаат од одговорноста дека тој ден преку нелегитмна и нелегална постапка се избра претседател на собранието. Значи сопствениот срам сакаат да го покријат преку неиздржани конструкции и во лов на, таканаречени, терористи. Ајде да видиме кои се терористиве – шест пратеници, оперски пејач, актер, режисер, пораншен министер тогаш директор на бирото за безбедност. И додека ова се случува никој не поставува прашање-прво, како е можно директорот на БЈБ да одговора за непостапување, а министерот Нухију кој ја имал златната команда да е нечепнат. Второ, имаше информации министерот Нихју во исказот пред обвинителство кажал дека таа ноќ наводно постоеле информации и опасност дека вооружени групи од Чаир и околни места се спремаат да тргнат кон Собранието, дека ќе се мобилизирале борци на УЧК. Чекајте ова го вели министерот за внатрешни работи! Како до сега никој од обвинителството и од МВР не превемало мерки да ги испита овие наоди и да превземе мерки, истакнува Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прашува како тоа оние кои го испровоцираа народот тој ден да дејствува остануваат нечепнати?

-Сега имаме една срамна епизода од македонската историја каде на пример наместо власта да тргне во лов по инвестиции, главна преокупација и е ловот на патриоти кои таа ги атемнисува и предвреме прогласува за терористи. Ова лудило мора да престане. Зарем сметаат дека вечно ќе владеат, дека вечно ќе можат да штанцаат измислени обвиненија, дека се недопирливи, дека нема да одговараат за ова насилие кое што сега го прават, рече Мицкоски за Република.