петок, 14. мај 2021. Вести денес: 16
home Вести

Мицкоски запали свеќа: Слава им на загинатите кај Смилковско – луѓе кои не погрешија ништо, а платија со животите

Мицкоски запали свеќа: Слава им на загинатите кај Смилковско – луѓе кои не погрешија ништо, а платија со животите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска запали свеќа и се поклони на местото каде пред девет години се случи петкратното убиство кај Смилковското езеро.

-Девет години на болка, исчекување, неправда. Девет години на лажна надеж од Заев и едно траорно и ужасно манипулирање со оваа огромна трагедија. Монструозно поигрување со болката на нивните семејства.
Девет години од бруталното убиство на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски. Овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите. Нема да бидете заборавени. Слава им, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Коронавирус