сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Вести

Мицкоски: Заев вети и излажа, ги нема најавените инцвестиции на Икеа, Гугл, Фејсбук

Мицкоски: Заев вети и излажа, ги нема најавените инцвестиции на Икеа, Гугл, Фејсбук

Во месец јули на дебатата во МТВ, Зоран Заев со поглед кон камерите, т.е во очите на граѓаните најави 5 нови странски инвестиции коишто требаше да се случат најкасно во септември. Вети и излажа, пишува на својот Фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Денес сме месец ноември. Нема ниту една странска инвестициja. Ја нема ниту IKEA, исто како што ги нема и Google и Facebook.

Додека соседните земји имаат мултимилионски инвестиции, Македонија останува црна дупка на картата на странските инвеститори. Нема странски инвестиции, ама има:

за 7 месеци 46 илјади новоневработени;
по 1000 новозаразени дневно од #COVID;
по 20 луѓе кои умираат поради неспособната Влада;
долг од 2 милијарди евра;
со нови 4 илјади евра е задолжено секое семејство

Најнови вести

Локални избори 2021