недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски: Заев требаше да си даде оставка, а не да се фали дека пуштил болници без дозвола за употреба

Мицкоски: Заев требаше да си даде оставка, а не да се фали дека пуштил болници без дозвола за употреба

„Имате директна вина за овој објект како и за сите останати, најпрво да бидат приклучени на електрично напојување за коишто постојат индиции дека е тоа кое го предизвикало пожарот, а потоа има директна вина затоа што дозволиле роднини на пациентите да треба да се грижат за нив“, рече претседателот проф. Др. Христијан Мицкоски во вчерашниот дуел со Зоран Заев.

Мицкоски се осврна на тоа дека и самиот Заев признал дека објектот на модуларната болница која изгоре при што починаа 14 луѓе нема одобрение за пуштање во употреба, па запраша што уште треба истрагата да покажа кога самиот Заев веќе признал дека објектот не смеел да биде пуштен, но тоа сепак го направил.

„Што треба да покаже истрагата дека нема одобрение за градба и дека е пуштен во употреба без соодветни документи, што треба германските истражители кои еден ден беа тука да утврдат“, праша Мицкоски.

Претседателот истакна дека станува збор за случај каде нема одобрение за пуштање во употреба, а техничкиот документ го нема, и праша зошто се дозволило да има електрично напојување кое најверојатно отпосле е местено, но и го праша Заев дали ги видел тие објекти и каква била енергетската потреба за тие објекти за да бидат приклучени со таков електричен приклучок.

Претседателот Мицкоски кажа дека нема да заврши со барање на одговори се додека нема морална, политичка, но и кривична одговорност.

Локални избори 2021