сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Вести

Мицкоски: Заев треба да понесе одговорност за поразите

Мицкоски: Заев треба да понесе одговорност за поразите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес гостуваше во „Стадион“ на „Канал 77“ и посочи дека за сите порази што ги доживеа Македонија, Заев треба да понесе одговорност.

Јас би рекол дека ова е најмала шлаканица која што сега ја добивме, ни кажаа луѓе не сте ја завршиле домашната задача. А, домашната задача е да нема криминал, да нема рекет, да нема корупција, да владее правото итн. Не можете вие да одите во Европа, а истовремено да менувате закон за опојни дроги. Не можете да одите во Европа, а насоки на јавниот обвинител да му дава адвокатот на премиерот, тоа го гледаат луѓето, тоа го запишуваат, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не треба да губиме надеж, треба да видиме кои се пораките, да се седне да се работи на тоа да се средат сите недостатоци кои како општество ги имаме. Зоран Заев го гледавме како мито бара, па искочи невин. Нормално е тоа? Е затоа ние немаме датум. Сиот криминал оваа држава треба да биде разоткриен и да секој тој што стои за тоа треба да одговара. Не е само оваа неправда, многу неправди се нанесени на оваа држава.
Во епицентарот на најголемите политички и економски скандали, финансиски скандали, летаа куфери. Куфери летаа со милионски суми, никој денес не сноси одговорност. Ние рековме добро ќе му дадеме шанса на процесот да не правиме протести итн. Ние не бевме како СДСМ да фарбаме и да кршиме згради, да кодошиме по светот со писма, нагласи Мицкоски.

Коронавирус