понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 156
home Вести

Мицкоски: Заев со таква криминална концесија зад себе не може да биде реформатор, јас немам дамка во мојот пат

Мицкоски: Заев со таква криминална концесија зад себе не може да биде реформатор, јас немам дамка во мојот пат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше гостин во новогодишното интервју на МРТ.

Тој посочи дека Заев не може да биде реформатор бидејќи има криминална концесија.

-Не може човек кој има криминална концесија од минатото, да биде реформатор. Можам јас да бидам, кој што немам, може да биде друг човек кој нема. Не може човек кој длабоко бил заплеткан во криминални скандали, дали тоа било Глобал или Пуч, поткуп, небитно, тој човек не може да биде реформатор. Тоа е невозможно. Реформатор може да биде човек кој што секогаш е од страната на законот. Јас се обврзувам, чувајте ја оваа емисија, доколку видите трета бледа копија на она Сваровски или ова Луј Витон судство, подготвен сум да дадам оставка и да кажам дека не успеав во мојата прва заложба да обезбедам правда, независност и на правосудството и на судството

Мицкоски се обврза пред граѓаните дека реформите во судството се еден од историските моменти кои ќе ги направи.

-Немам друг мотив, секој од нас треба да си го заслужи местото во историјата, тоа е мој мотив, рече Мицкоски.

Коронавирус