сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 17
home Вести

Мицкоски: Заев склучува прецент договор со Макпетрол, интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики

Мицкоски: Заев склучува прецент договор со Макпетрол, интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна и на Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол АД по пат на спогодба кој е на дневен ред во Собрание по скратена постапка.

„Прво, нема потреба ако Зоран Заев ветил дека ќе го купува делот од Гасоводот тоа да дојде во парламентот и да добие легитимитет од парламентот. Тоа може да го направи Владата, единствен ваков договор беше оној со ОКТА и знаеме како скандалозно заврши“, рече Мицкоски.

Тој укажа дека минатата година во завршната сметка на Буџетот книжеа средства дека се префрлени на Национални енергетски ресурси кои ги калкулираа како капитална инвестиција во висина од околу две милијарди денари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заклучи дека договорот со Макпетрол е прецент, а интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.

Коронавирус