сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Мицкоски: Заев сето свое политичко битисување го темели на два аргументи – лага и лоповлук!

Мицкоски: Заев сето свое политичко битисување го темели на два аргументи – лага и лоповлук!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Кочани.

Мицкоски посочи дека и  во Кочани, како и во цела Македонија буквално владее чемер, јад, депресија и разочараност од моменталната реалност откако е СДСМ на власт, и истакна дека на сето тоа ќе му се стави крај прво со победата на професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, а потоа и со победата на предвремените парламентарни избори.

-Затоа овие избори не се само претседателски избори, туку се пораз на заевизмот во Република Македонија, затоа ни е потребна победа. Затоа е потребна масовност на 21-април и на 5-ти мај, за да биде победата уште поголема. Потоа се знае. Следат предвремени парламентар избори и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Потребна ни е победа за да ставиме крај на сето она омаловажување, понижување и  неправди кои што ни се случуваат во овие две години во Република Македонија и оној заевизам кој е секојдневие, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека со СДСМ на земјава и се случуваат само неправди, како на  пример што во Кочани  манипулира со земјоделците со лажни ветувања како што е  зелена нафта, а две години од ена ни трага ни глас, а земјоделците мака мачат да скрпат од први до први.

-Неправда е кога ќе ветат загарантиран откуп, повисоки субвенции  и дополнителни стимулации за земјоделците, а денеска реалноста овде во Кочани кочанско е катастрофална, ниту имаат каде ниту за што да го продадат родот. Ниту има загарантиран откуп ниту има зголемени субвенции. Истото тоа се случува и во Пелагонија и во Ресен и ресенско, луѓето со пила ги сечат  крошните бидејќи немаат каде да го пласираат родот затоа што 1 денар е кг јаболко, а луѓето ги растеле тие дрва за еден ден да родат плод и да ги преранат своите семејства, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека неправда е и тоа што патриоти добија 2 века казна, а борци на ИСИС добиваат три пати помали казни.

-Неправда е кога на капитулантски начин ќе потпишат договор со нашиот јужен сосед и ќе речат дека е условот за да добиеме преговори со ЕУ. Неправда е кога минатата година на плоштади ќе играат чочеци дека сме добиле датум за преговори, па потоа ќе се премислат и ќе речат дека оваа година, а нема ни оваа година да добиеме, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека Заев сето свое политичко битисување го темели на два аргументи- лага и лоповлук и тоа се двете работи со кои што опстојува. Го лажеше сопствениот народ, се колнеше во жицата и децата дека нема да го промени името, за да на крај ги промени и името и идентиетот.

Токму затоа рече дека на Македонија веднаш и потреба правда и држава.

-Затоа што од една страна го имаме Стево Пендаровски и опустошена опљачкана и омаловажена држава, а од друга страна професорката Гордана Силјановска Давкова и честита и горда држава.Имаме човек имаме кандидат кој со сета своја харизма со сето свои животно искуство, со сите генерации кои поминале на правниот факултет и добиле знаење, со сета додадена вредност што уште може да и ја даде на Македонија како држава како претседател на Република Македонија,  тоа е нашиот избор, истакна Мицкоски.

Затоа тој уште еднаш ги повика присутните за масовност на изборите и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Силјановска, за граѓаните да го живеат сонот на Македонија која ќе се ги врати децата назад, Македонија со реномирани универзитети, без непотизам, каде ќе се почитуваат Уставот и законите, а политичарите ќе бидат во служба на граѓаните.

Коронавирус