сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Заев се занимава со политиканство наместо со тоа да го подобри животот на граѓаните

Мицкоски: Заев се занимава со политиканство наместо со тоа да го подобри животот на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на телевизијата Алсат-М рече дека премиерот Зоран Заев се занимава со политиканство, наместо преку подобрување на економијата да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.

-Политиканството е ова, „не знаеме како да ги решиме реалните проблеми на граѓаните“. Едниот сака да се додвори и вика „вака ќе направиме“, другиот игра на стратегијата „плаши ги Албанците со ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според него, со ваквото политиканство може да добијат само 80 до 90 илјади гласови, а за повеќе гласови ќе мораат да понудат нешто повеќе, нешто со што ќе се подобри квалитетот на животот, а тоа според него, може да се направи само преку економските резултати.

-Ајде преку Мерит систем да седнеме сите заедно, ајде да направиме од ова место подобро за живот. Тогаш има решение за сите други политички проблеми. Ама најпрво да направиме среќни граѓани, порача Мицкоски.

Вели дека се бори за владеење на правото, подобрување на демократијата и како на граѓаните на Република Македонија, без разлика на етничката припадност, да направи животот да им биде поубав.