среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Заев се закани за 27 април, а Кацарска и Рускоска испорачаа- ова е класичен политички прогон

Мицкоски: Заев се закани за 27 април, а Кацарска и Рускоска испорачаа- ова е класичен политички прогон

На новинарско порашање Колку висината на казните и тајмингот кои се изречени се еден вид притисок до гласачите и еден вид валкана игра да речам пред изборите?, Христијан Мицкоски денеска од Штип вели:

-Го коментирав тоа и во минатото, ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија, Заев се закани на 28 април 2017-тата година, еве речиси две години потоа, Кацарска и Рускоска испорачаа,  класичен политички прогон. И не може да помине веќе помеѓу граѓаните онаа класична демагогија која што доаѓа од центарот за лаги и манипулации на СДСМ дека ние сме заштитувале насилство итн. Бидејќи насилство имаме во сите градови во Република Македонија и не само што не се казнуваат насилниците и престапниците, туку напротив владата се слика со таков тип на криминалци и објавува на социјалните медиуми. Така што оваа драконска казна е исклучително да се втера страв помеѓу гласачите, помеѓу граѓаните на Република Македонија. Исто така да се пресметаат со политичките не истомисленици, но и она што Заев го нарача на 28 април 2017-тата денеска да го испорачаат неговите слуги, а тоа се Кацарска судството и Рускоска обвинителството, потенцира Мицкоски.

Тој додавца дека она кое што е реалност во Република Македонија ќе го видиме на 21 април и 5 мај, а тоа е силата и енергијата која постои помеѓу граѓаните во Република Македонија да оваа повторно ќе кажам неспособна, насилничка и деспотистичка власт замине еднаш за секогаш на маргините на темната страна во историја.