недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 59
home Вести

Мицкоски: Заев се колнеше и во жицата и семејството за името, па го смени- денес преговара за идентитетот со Бугарија

Мицкоски: Заев се колнеше и во жицата и семејството за името, па го смени- денес преговара за идентитетот со Бугарија

Во Канал 5 телевизија, во „Само интервју“ вечерва гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека на Заев не му држи зборот затоа што се колнеше во жицата и семејството за името, па потоа го смени, а денес преговара за идентитетот и идентитетските атрибути со Бугарија, па граѓаните да не се лажат повторно.

-Верувајте ми дека се преговара токму за овие атрибути, од кога е македонски, зошто претходно не е македонски, ние зборуваме за човек кој во жица се колнеше, тука на вашава телевизија, кажуваше гитарата, а направи сосема спротивно од тоа, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски вели граѓаните да немаат лажна претстава, да не се лажат затоа што секој оној којшто не верува, ќе има големи разочарувања, затоа што на Зоран Заев не му држи зборот, па го смени името по колнењето во жицата.

Мицкоски праша кога Заев дава изјава дека е ист јазикот што го зборат во Петрич и во Струмица, само акцентски се разликуваат, на што мисли дали ист затоа што во Петрич се збори македонски или ист затоа што во Струмица се зборува бугарски?

-Работата е многу сериозна затоа што се работи за иднината на државата, мора да има дипломатски сериозно решение во кое нема да биде доведено во предвид ниту идентитетот ниту јазикот,а со овие луѓе на власт тоа не може да се случи, цени Мицкоски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија