петок, 4. декември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции

Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил пишува дека не поминаа 24 часа демантот за лажната надеж на Зоран Заев за раст на странските директни инвестиции вчера стигна од НБРМ.

-Во третото тромесечие наместо раст имаме одлив на странски инвестиции и минусно салдо. Црн минусен биланс и одлив на странски директни инвестиции.

Завчера премиерот Заев во Собранието изјави дека Странските директни инвестиции во 2018 година ќе ги надминеле претходните три години од владеењето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека во првите два квартали странските директни инвестиции биле добри, а во наредниот период ќе биле уште подобри.
Вчера веќе стигна демант од Народната Банка на Република Македонија.

Имено, Народната банка на Република Македонија ги објави податоците за Билансот на плаќања и странските директни инвестиции во Република Македонија. Согласно податоците, во третиот квартал од 2018 година, не само што нема прилив по основ на странски директни инвестиции туку има одлив. Имено, во Q3 2018 година по основ на странски директни инвестиции се одлеани 5,9 милиони евра. Значи се одлеале близу 6 милиони евра.

Значи во Q3 2018 година не само што нема прилив по основ на странски директни инвестиции туку има одлив. Како основна причина за ваквата состојба е податокот што во Република Македонија во 2018 година речиси и да нема нова странска директна инвестиција, додека истовремено фирмите од Технолошко развојните зони се воздржуваат од инвестирање и се повеќе ги враќаат кредитите од своите мајки фирми, а своите профити ги изнесуваат надвор од РМ.

Премиерот Заев се пофали со добрите податоци по основ на СДИ во првиот квартал од 2018 година. Тој всушност се фали со еден поголем прилив од една поголема странска инвестиција во Технолошките индустриски развојни зони донесена во времето на ВМРО. Истата фирма која уплати и поголема сума во буџетот на РМ по основ на данок на добивка.

Погубната економска политика на Владата на СДСМ навистина прави огромни штети во Република Македонија, стои во објавениот статус на Мицкоски.

Коронавирус