недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Вести

Мицкоски: Заев продолжува да ја дели државата и да бара меѓу народот непријатели

Мицкоски: Заев продолжува да ја дели државата и да бара меѓу народот непријатели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Алфа Телевизија, изјави дека Заев со неговите изјави продолжува да ја дели државата и да бара непријатели помеѓу народот.

– Суштината која што ни се случува во моментот се повторно поделби, Зоран Заев во овој момент е личноста со најмал кредибилитет да кажува како треба да се постапи на 30 септември. Она што го гледаме се само поделби, навреди клевети, уценувања, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека во земјава се води еден процес во погрешна насокa од човек кој што е во паника и избезумен, и човек кој ни самиот не верува во тоа што го кажува и токму затоа може да дава несмасни изјави на празните плоштади ширум Република Македонија.

– Поделби не ни требаат, напротив онаму каде што одам во Република Македонија можам да видам само една обединетост кај населението, нацијата е обединета и повторно ќе кажам доволно е само да го слушаат своето срце и разум како треба да постапат на 30 септември, нагласи Мицкоски.