петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 135
home Вести

Мицкоски: Заев нудеше техничка Влада да му го поддржам Договорот, јас го одбив затоа што честитоста нема цена!

Мицкоски: Заев нудеше техничка Влада да му го поддржам Договорот, јас го одбив затоа што честитоста нема цена!

Зошто некој отпочна процес без консултација со опозицијата? Опозицијата уште од јануари 2018-та година на таа првата лидерска средба му кажа да не тера вака. Има и записници од тие состаноци каде тој се согласува дека под ниту едни услови нема да се сложи на тоа што понатаму се сложи.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто за ТВ Тера.

-Истото му го зборевме и во март и во април. Истото му го зборевме и во април кога дојде со предлог за Илинденска Македонија, дека ова ти е морковот, ќе прифатиш нешто полошо од ова. И на диелот во мај му го кажав истото тоа на МРТ. Реков дека нема ова да биде конечното решение, ќе прифатиш нешто многу понедостоинствено. Го потпиша сето тоа без да се консултира со опозицијата, опозицијата од прв до последен ден имаше конзистентен став дека е против содржината на овој договор.Длабоко во себе сме убедени, а врз основа на целата анализа што сме ја спровеле, дека тој процес е погрешен. Приватизиран со една единствена цел, а тоа е да може Заев да ја искористи тишината која што владееше во Македонија, да врши притисок врз судиите за да биде ослободен од евидентно криминално дело барање поткуп и во меѓувреме да пљачка, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека опозицијата имала став целото ова време. Зборуваше и за преговорите и што за време на истите, Заев му понудил.

-Ми нудеше техничка Влада. Ми викаше бирај 5 министерства, кои сакаш, само поддржи го Договорот. Сега лаже, таа матрица на Заевизмот е кажувам-заборавам-негирам. Тој не ја зборува вистината. Имаше сведоци кога нудеше техничка Влада, очи во очи се гледавме. Му реков дека честитоста, достоинството немаат цена. Оваа работа не ја вршам јас за да дојдам на власт по било која цена. Ајде после претседателските избори да формираме Влада за национален спас, да организира таа предвремени парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат дали се за завидлизам или за Заевизам, порача Мицкоски.

Коронавирус