недела, 9. мај 2021. Вести денес: 63
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Вести

Мицкоски: Заев на избори победува со нарко дилери и шверцери со мигранти, тоа е неговата војска

Мицкоски: Заев на избори победува со нарко дилери и шверцери со мигранти, тоа е неговата војска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната изјава, одговарајќи на новинарско прашање, како ја коментира и оценува акцијата во врска со нарко трговијата во Македонија од страна на високи началници во МВР, посочи дека ваквите лица се всушност војската на Зоран Заев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ претходно реагирало за прилепскиот началник на МВР но дека немало никаква реакција од владата на СДСМ, за денес да дојде ДЕА и да ги уапси за трговија со дрога.

Јас изминатиот период често зборувам дека тоа е војската на Зоран Заев. Зошто велам војска? Во Македонија кога се избори во прашање, притисоци, закони, уцени и поткуп не прават цивилни лица, туку прават началници и градоначалници. Ќе ве потсетам овој началник во Прилеп беше предмет на критика од страна на ВМРО-ДПМНЕ и за време на предвремените парламентарни избори и дадовме докази. Гледаме дека не беше реагирано од страна на власта, а сега е уапсен поради тоа што е дел од трговијата со марихуаната, оние 200килогами фатени и дел од таа мрежа.

Ќе ве потсетам на началникот во Штип кој што беше фатен како шверцува мигранти. Слични индиции, еве вас како јавност ве усмерувам и за началникот во Струмичката полиција. Ќе ве потсетам на началникот на Кумановската полиција кога поткупуваше луѓе со дрва на изборите во 2016 година. Ќе ве потсетам на оној градоначалник во Ново Село кој што шверцуваше марлборо пакети. Ќе ве потсетам на двајца градоначалници на Василево и Дојран фатени беа во поткуп на изборите. Зоран Заев избори победува во Македонија со овие луѓе, и затоа Зоран Заев не мрда со прст, и затоа ДЕА треба да дојде да ги уапси овие луѓе кои што се денеска главни шверцери и шверцери со мигранти. Затоа што тоа е војската која што на избори врши притисоци, закани, уцени, и поткупува се со цел Зоран Заев да добие глас повеќе и исто тоа ќе биде и понатаму, рече Мицкоски,

Претседателот Мицкоски ја повика и меѓународната заедница и јавноста да ги следат случувањата.

Ја повикувам меѓународната заедница, ја повикувам македонската јавност будно да ги следи овие избори. Истите овие луѓе повторно ќе бидат активни, и не може ништо ВМРО-ДПМНЕ да направи и со народни стражи, ниту пак народот. Затоа што тие кога влегуваат од куќа во куќа и делат пари се придружувани и обезбедувани од униформирани лица. Ова се луѓето кои што вршат поткуп, началници и градоначалници и уште ќе паѓаат во периодот кој што следи. Запамтете и уште ќе паѓаат, посочи Мицкоски.

Коронавирус