среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 116
home Вести

Мицкоски: Заев молчи за забрана за амнестија на политичари и испитување на потекло на имот затоа што се плаши од правда

Мицкоски: Заев молчи за забрана за амнестија на политичари и испитување на потекло на имот затоа што се плаши од правда

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржа прес-конференција на која истакна дека се докажало дека Зоран Заев е главна пречка за правда во државата.

-Во изминатиов период дадов неколку предлози, а кои беа во насока на зацврстување на демократските процеси и правната држава. Но од другата страна добивме молк, и одбивање да се направат чекори кон борбата против корупцијата и криминалот. Тој молк не може никако поинаку да се разбере освен како штитење на криминал, корупција и подривање на правната држава. Заев се докажа дека е главна пречка за правда во државата. И да ги тргнеме на страна оние милијарди спинови и лажни вести кои ги пуштаат, а со кои само си се лажат само себеси, ајде  да зборуваме малку за суштината. И еве ги тие работи кои Заев и СДСМ ги изнесуваат на чистина. Прво, го повикав да прифати измени на законот со кои што ќе се забрани секој кој е амнестиран во земјава да се занимава со политика и да биде носител на државна функција.Не добивме одговор, односно добивме одговор дека практично ќе одговарале сите што сториле криминал и дека тука немало да има амнестија. Но фактот е еден дека единствен активен политичар во државата кој што во минатото е амнестиран за сомнеж за сторен криминал е токму тој, Зоран Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека веќе повика да бидат донесени измени со кои ќе се забрани во иднина амнестијата да се донесува за политичари и луѓе кои биле носители на државни функции.

-И ова е заштитен механизам за тоа носители на државните или јавни функции да ја одбегнуваат правдата поради претходно носење на мерката амнестија. И повторно ќе бидам директен, молкот во СДСМ кажува дека одговорните за денешниот криминал и корупција се надеваат на некаква идна амнестија. А јас ќе им кажам дека компромиси со правдата, сега и за било кога во иднина, нема да има. Како што кажа во Битола, Зоран Заев, дека сите кои што сториле криминал ќе одговараат. Истото тоа ќе го потврдам. За сите кои што се огрешиле пред законите и се осрамотиле пред граѓаните ќе одговараат, и во минатото, ама има да одговараат и тие кои што и денеска прават криминал. Амнестија ќе нема да не се надеваат. Трето, објавив дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон со кој, согласно  Уставот ќе може да се изврши детално испитување на потеклото на имот на политичарите. И ова е со цел да се санкционираат оние кои направија бизнис империи, не затоа што се способни туку затоа што ја користат политиката за нелегално печалење на грбот на граѓаните. Повторно од Заев и СДСМ има молк, затоа што очигледно има страв, и тоа голем страв во најбогатото политичко семејство на Балканот, посочи Мицкоски.

Тој истакна дека иако  Заев и Шекеринска се политичари уште од времето на транзицијата, треба да знаат дека доаѓа ново време, а промените се на прагот и доаѓа нова надеж за нашата држава.

-Затоа уште еднаш Заев го повикувам доколку верува во правната држава, доколку е за борба против криминалот и корупцијата, и доколку сака државата да оди напред, без двоумење да прифати измени на законот со кои ќе забраниме амнестија на политичари, а сите оние кои ќе бидат амнестирани да не смее да се занимаваат со политика. Да донесеме закон за испитување на потекло на имот на политичарите и нивните семејства, и сите оние кои се збогатиле неосновано на грбот на народот да бидат санкционирани, да прифатиме измени со кои ќе се знае кој ќе биде кандидат мандатар, а оној кој нема да ја добие довербата да се  збогува со политиката во Македонија политика. Воедно еве прилика да се излезе од голиот популизам и власта нека ги прифати амандманите на законот за употреба на јазиците, со кој ќе се направи законот уставен, применлив и нема да биде дискриминаторски кон останатите етнички заедници во Македонија. Да ги тргнеме на страна политикантските и заобиколувачки одговори, да не се прават алиби, затоа што се гледа дека секој лицемерен потег на владата завршува со силен тресок на дното. Време е да се даде нова надеж, да се направат промени и да се донесе обновата во Македонија, порача тој.