петок, 24. септември 2021. Вести денес: 132
home Вести

Мицкоски: Заев лично ги водеше реформите во судството, го замени Сваровски судството со Луј Витон судство

Мицкоски: Заев лично ги водеше реформите во судството, го замени Сваровски судството со Луј Витон судство

Јас можам да зборувам за она на што сум сведок. И се чудам на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години. Па тој лично го водеше телото за реформи. Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според Мицкоски, Заев ја испушти шансата да каже дека направил пропуст.

-Не знам што е лошо тука да се признае нешто. Ако порано беше познато Сваровски судство денеска е Луј Витон судство. Последниот предлог за Судскиот совет, па таа е активист на СДСМ. И дента кога ја бираат, таа не ги ни средила социјалните мрежи каде има фотографии со Заев, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека дополнително Заев го слушаме како се јавува и збори на телефон кој што да прави во судството.

– Тоа го нема кај мене, такво нешто не може да слушнете, посочи Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус