среда, 4. август 2021. Вести денес: 92
home Вести

Мицкоски: Заев ќе прифати сè, декларацијата од бугарскиот парламент и сите хегемонистички барања за негирање на македонската посебност

Мицкоски: Заев ќе прифати сè, декларацијата од бугарскиот парламент и сите хегемонистички барања за негирање на македонската посебност

Заев сè продава во преговорите, бидејќи нема што да понуди на македонските граѓани, нему му е најлесно да понуди потпис, да стави потпис и да рече јас ова само знам да направам, не знам да работам, не знам проекти како се водат, не знам како се правата реформи, не знам како до подобра економија, здравство и образование, ама знам да потпишувам со заврзани очи. И сега Радев го крши чекор по чекор, се до моментот додека не го постигне максимумот и тогаш ќе му рече на Заев извини ние имаме техничка Влада, немаме Парламент, ќе мора да почекаш да се формира Парламентот да имаме политичка Влада и тогаш со таа Влада ќе седнете и ќе се договорите. Кога ќе дојде таа Влада ќе рече еве јас ве донесов до тука, од тука натаму преземете го вие и завршите, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за „Охрид 1“.

Мицкоски додаде дека Заев ќе прифати се, дури и декларацијата на бугарскиот парламент.

-Зоран Заев ќе прифати се. А, што е тоа се? Декларацијата од бугарскиот Парламент во која што се содржани сите оние хегемонистички барања од 19-тиот век, негирање на македонската посебност, култура, традиција, обичаи, антифашистичката борба, јазик итн. И таа декларација да биде дел од преговарачката рамка со ЕУ, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека тоа е она кога ќе се седне во Брисел, кога ќе се случи таа меѓувладина конференција кога практично официјално почнуваат преговорите со ЕУ, тие ќе ви дадат еден документ и ќе речат кластер еден се преговара на овие теми, кластер два тие теми итн.

-А, ова ќе биде во првиот кластер „Fundamentals“ каде што вие ќе не можете да договорите втора меѓувладина конференција ако за првата не се договорите, односно не се расчистат посебно барањата нивни кои што се практично дел од преговорите на историската Комисија, нагласи Мицкоски.

Коронавирус