среда, 31. мај 2023. Вести денес: 49
home Вести

Мицкоски: Заев ќе го победиме, но не прифаќаме диктати!

Мицкоски: Заев ќе го победиме, но не прифаќаме диктати!

Ако кажеме уште сега не сакаме консезус за избори и креваме раце од процесите ќе продолжи кражбата на вашите пари, оние нечовечки рекети, неправдите, неправдите, ќе продолжи распродажбата на се што е македонско… Ние, точно е, ќе победиме подоцна на локалните избори кои се за една година од сега, но државата ќе биде во хаос, економски колапс, социјални немири и целосно загубен идентитет, дури можеби ќе ја немаме оваа држава на која што ние се сеќаваме. И тука се согласувам со Пендаровски дека освен економска и здравствена криза, на Македонија и претстои и безбедносна криза.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој порача дека Заев на изборите ќе биде поразен, но и дека партијата нема да прифати диктати.

„Следната порака е до ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Ќе ве победиме. Кога и да се случат тие избори ќе ве победиме. Одважете се уште од сега и престанете да го втурнувате народот во една ситуација во која што наместо да нудиме проекти ќе ги броиме бројот на новозаразените и луѓето кои што за жал ќе го загубат животот.

А јас ви ветувам  дека после дебаклот кој што ќе ви се случи, кога и да се случат тие избори ќе имате право на пресумпција на невиност, но од одговорноста нема бегање. Одговорност мора да има за сето ова што го направивте изминатите три години.

Затоа вразумете се и не го правите ова на народот. Немојте да правите притисоци, ниту во Државната изборна комисија, не правете притисоци ниту кај граѓаните.

Да обезбедиме соодветни протоколи, нека пристигне мисијата на ОБСЕ и ОДИХР и следниот ден да одиме на избори.  Според сегашните информации средината на јули е добра основа да излеземе, да ве поразиме, а потоа следи одговорност“ – истакна тој.