понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 152
home Вести

Мицкоски: Заев како талибанец ќе менувал табли, па историски факт е дека Бугарија била фашистички окупатор, ќе вратиме се што тој ќе смени

Мицкоски: Заев како талибанец ќе менувал табли, па историски факт е дека Бугарија била фашистички окупатор, ќе вратиме се што тој ќе смени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисија на телевизија МРТ. При своето гостување нагласи дека сите табли што ќе ги смени Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ги врати.

– Секоја една акција има и реакција. Зошто вие не мислите дека тој што ја дал првичната изјава не избрзал во давањето на таа изјава. Зошто пак тој не се исконсултирал со опозицијата и да рече луѓе ја имам намера сите овие табли кои што се такви, такви и такви што се да ги сменам како Талибанците во Авганистан и да ставам такви, запраша Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Заев наместо да се консултира со опозицијата тој како Талибанец се дрзнува да менува историски табли.

– Ако не прашаше Заев нас дали имаме проблем, да имаме проблем ќе речев. И он потоа нека процени дали треба или не треба да менува табли, рече Мицкоски.

Мицкоски запраша зошто обвинувањето е на опозицијата, и зошто токму тој го дели народот. Бидејќи ја говори вистината на граѓаните.

– А, зошто јас ја зборувам вистината? Затоа што постои мировен договор и тоа сум го коментирал. Во 1947 година потпишан, депониран во ОН каде што тие Бугари тогашни кои што го потпишале тој договор велат во тој договор дека окупирале територии од поранешна Кралска Југославија во која што спаѓа и денешната географска територија на нашата Македонија и за тоа треба да исплатат определени репарации. И дека биле, уште во преамбулата стои на тој договор биле соработници со нацистичка Германија предводена од Хитлер. И сега јас, кој што ја говори вистината делам, а овој кој што сака да наметне лага и како Талибанец да врши ретуширање на историјата без притоа да се консултира со никој не ја дели нацијата и говори вистина, рече Мицкоски.

Коронавирус