сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Мицкоски: Заев ја злоупотребуваше смртта на Никола Младенов и Мартин Нешковски само за да дојде на власт

Мицкоски: Заев ја злоупотребуваше смртта на Никола Младенов и Мартин Нешковски само за да дојде на власт

На прагот сме на уште една голема победа, победа за Македонија и треба да сте горди затоа што ние, ние бевме тие кои што кога на нејзе и требаше се исправивме пред предизвикот како што секогаш сме го правеле тоа наназад во историјата. Уште од 1893-тата година. Овие четири свети букви биле и ќе останат заветот на Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Кавадарци.

-Во текот на вчерашниот ден неколкумина наши браќа поставија еден два транспаренти. Беа наменети за Гога. Еве јас ќе се обидам да им одговорам на тие наши браќа. Кога професорката Гордана беше ВМРО и кога професорката Гордана Силјановска Давкова и застана на првата линија на фронтот во одбрана на најпрвин на онаа неправедна територијална распределба во 2004-тата година. А потоа и сега кога крвареше Македонија, Вие браќа бевте на Бихаќка  да добиете инструкции што треба да му направите лошо на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија, додека таа крвареше заедно со нас. Така што ниту можете да пишувате, ниту смеете да пишувате дека Гога не била ВМРО. Гога е поголемо ВМРО и Македонија од сите вас заедно. Тоа е неправда, а ние заедно со професорката Гордана Силјановска, со оваа жена која што беше пред вас, сопруга, мајка, сосетка, педагог и пред се пријател и голем Македонец сме овде денеска и бараме да ја вратиме правдата во Македонија, ајде заедно на 21 април да победи правдата во Македонија, а потоа да ја завериме правдата и на петти мај. И потоа се разбира добри луѓе, предвремени парламентарни избори и да им ја покажеме темната страна во историјата на овие квислинзи кои што денеска се власт во Република Македонија. Да им покажеме како се работи за татковината, посочи тој.

Мицкоски одговори на прашањето: „Што е неправда“?

-Неправда е сето она кое што денеска и се случува на Република Македонија. Неправда е и тоа како дојдоа таму каде што дојдоа. Се сеќавам шетаа по плоштадите по улиците ширум Македонија. Седеа во нивниот штаб онде на Бихаќка и ги пуштаа оние воајерски снимки. Злоупотребуваа човечки судбини. Се сеќавате на онаа за Никола Младенов, на трагично починатиот новинар Никола Младенов. Кога велеше Зоран Заев, злоупотребуваше дека не било сообраќајна несреќа туку дека некој за жал го утепал тој бард на македонското новинарско перо. За да години потоа сопругата на Никола Младенов јавно на телевизија каже која е вистинската причина за тој трагично предвреме завршен човечки живот. Тоа била брзината со која го управувал возилото. Односно тоа кое што беше тогаш дел од полициските извештаи. А нормално деспотот  го нема нигде да излезе и да им се извини на граѓаните и на семејството на Никола Младенов затоа што ги злоупотребил. А зошто ги злоупотребил за пуста власт, ете тоа била причината.  Се сеќавате и на оној трагично згаснат живот на Мартин Нешковски, премиер стана поради тој случај, а јас можам денеска да се кладам, да се обложам со вас дека ниту знае што прави семејството, ниту пак прашал како од први до први врват. Иста е судбината и со Мартин Јанушев, иста е судбината и со малиот Саздо, дали знае тие семејства како живеат денеска, дали знае каков чемер и каква темнина ги обвиткала, додека убијците слободно шетаат на улица. Зошто, затоа што овој човек е бескурпулозен, затоа што овој човек е подготвен со човечките судбини да прави компромис, посочи Мицкоски.

Парламентарни избори 2020