вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Заев ја опљачкавте државата, планини затвораат за вас за да се шетате, а ќе ја забавувате јавноста со тоа што сум одел во теретана

Мицкоски: Заев ја опљачкавте државата, планини затвораат за вас за да се шетате, а ќе ја забавувате јавноста со тоа што сум одел во теретана

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на Телевизија 24 истакна дека додека Заев и СДСМ ја ограбуваат Македонија, а за Заев да се забавува се затвораа цели планини, тие сега ја замајуваат јавноста со монтираната снимка од теретаната.

– Кога станува збор за теретаната еве ја користам оваа прилика, господинот надлежен на скопското обвинителство да излезе, бидејќи му се доставени сите докази, поврзани со случајот теретана да излезе и да каже дали е тоа вистина или монтажа. Ако е вистина јас сум подготвен да сносам последици, ако е лага очекувам да се извинат, почнувајќи од заменичкиот технички министер па се до Заев. Снимката е од октомври 2019, еве јавниот обвинител уште веднаш нека излезе и нека одговори. За кафаната згрешив, и признав реков луѓе еве погрешив, не сум како господинот Заев. За вас планини се затвораат, државни патни правци затвораа, ја опљачкавте државата и вие мене ми кажувате за теретаната, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека суштинската разлика помеѓу него и Зоран Заев, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не излезе да ја цинкари државата, туку се понуди да помогне.

– Донесовме авиони помош, кога таа беше потребна, последниот мој апел беше да се повикаат медицински стручни лица од пријателска Словенија, истакна Мицкоски