недела, 26. мај 2019. Вести денес: 66
home Вести

Мицкоски: Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа

Мицкоски: Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го посети oпштинsкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кисела Вода, каде што размени мислења со членовите и симпатизерите на партијата.

Мицкоски при самата средба со граѓаните посочи дека Зоран Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори. Самите резултатите од првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност.

-Докажано е дека оваа власт не ја бива, не треба нови докази за тоа, зошто тие докази ги живееме, сиромаштија, несигурност, криминал, неправда, тие ја донесоа апатијата, разочарувањето за да луѓето станат индиферентни, да ги прифатат ужасите, но тие така сакаат, а одговорот е едноставен, масовност на 5 мај. Масовно излегување и поддршка за Гордана Силјановска Давкова, истакна Мицкоски.

Добиените гласови по општини и изборни единици покажуваат сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во 47 општини, а тоа се должи на успешното препознавање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но и искажување на незадоволството на граѓаните кое е се поголемо, и расте со секој изминат ден и тоа ќе биде изразено на денот на изборите, кога граѓаните ќе стават крај на погубните политики на оваа власт предводена од Зоран Заев и СДСМ.

-Ќе понудиме решенија за проблемите на граѓаните, со план, програма и заедничка визија. Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина. Заев има реклами, убави зборови, а во реалноста народот има глад. Тоа ќе го смениме. Правда за Македонија. Татковината повикува, порача Мицкоски од Кисела Вода.