сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Заев и Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден од аферата Мафија, тоа е страшен криминал

Мицкоски: Заев и Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден од аферата Мафија, тоа е страшен криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во Алфа ТВ истакна дека во врска со аферата Мафија, премиерот Зоран Заев и министерот Оливер Спасовски требаше да си поднесат оставка уште првиот ден откако се објави аферата, затоа што станува збор за страшен криминал.

-Ај што се неспособни, ај што се криминогени, се уздисале со криминалци, сега се обидуваат невешто да се бранат, а цела јавност им се смее, на овие луѓе како лоботомија да им е направена, требаше да си поднесат оставки уште дента за колку толку да ја санираат штетата, вели Мицкоски.

Мицкоски вели 215 пати се давани државјанства, проблемот е зошто вакви пасоши немат овие луѓе од Албанија или од други земји, зошто баш од Македонија.

-Ако се погледнат документите може да се увиди дека станува збор за многу вистинити патни исправи, луѓето кои ги добиле со украден идентитет, како Седат Пекер, кој е протеран во 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево, а веќе на 27-ми му се издаде лична карта, страшно и денеска го гледаме збунетиот Спасовски како седи, истакна Мицкоски.

Коронавирус