Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ Дуел рече дека бројката којашто што кажува Заев од преку 620 милиони евра за странски инвестиции, некаде околу 80 проценти е реинвестирана добивка од компаниите најчесто од технолошко- индустриско развојни зони за кој тој како опозиционер ги критикуваше. Имено Мицкоски додаде дека Заев во опозиција не само што ги критикувал туку велел дека тие и се привилигерани.
-Настрана оваа демагогија, да зборуваме за бројки, посочи Мицкоски.
Тој додаде дека во 2007 година странските инвестиции биле 8,3 % од бруто домашниот производ и тоа било најдобар резултат до сега, потот во 2006 година изнесувале 6,3 %, во 2008 биле 6%, а сега се 5,8 %.