четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 53
home Вести

Мицкоски: Заев газеше по коските на партизаните и илинденците

Мицкоски: Заев газеше по коските на партизаните и илинденците

Денеска, со почеток од 18:00 часот почна надпартискиот протест кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ, а со придружба од многуброен македонски народ. Протестот почна од СЦ „Борис Трајковски“,кој се одвиваше со автомобили заради заштита на здравјето од корона кризата. Крајната точка беше Владата на Република Македонија.

Пред Владата на Република Македонија, лидерот на партијата, ВМРО-ДПМНЕ оддржа говор на кој што кажа дека ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно.

– Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ… а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија, посочи тој.

– И сега почитувани, пријатели, драги браќа и сестри овде присутни, сакам внимателно да ме слушнете, овде нема политика, ниту оваа ниту онаа партија, ова е Македонија. . Овој протест е на народот. Овде нема калкуланство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек. Ве молам сите да го гледате како протест кој е надпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети. Секогаш сме биле обединети и тогаш сме победувале, затоа ни е потребно обединување рамо до рамо еден до друг, дециден е Мицкоски.

Коронавирус