понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Заев е на колена и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех, само изборите се решение

Мицкоски: Заев е на колена и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех, само изборите се решение

Заев е на колена и веќе нема кредибилитет оваа влада која тоне во сопствениот неуспех. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот во кој силно верувам. Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија, изјави денеска на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека треба да знаеме дека имаме нечесна власт која пак треба да знае Македонија не е пашалак на Заевци, а народот заробеник на нивниот криминал.

-Народот и ВМРО ќе победат убедливо, зошто таква победа ни треба, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. И одговорност, мора да има одговорност. Немам намера за никаков компромис со никој кој се огршил спрема законот без оглед на кого се работи. А тие ко злоупотребиле народни пари, мала ќе им биде земјата да се сокријат, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.