вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Заев, бидејќи така изјавува и се фали, нека танцува со короната, мене ме загрижува танцот со сиромаштијата и загрозеното здравје на граѓаните

Мицкоски: Заев, бидејќи така изјавува и се фали, нека танцува со короната, мене ме загрижува танцот со сиромаштијата и загрозеното здравје на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија и за тоа како Владата се справува со оваа пандемија.

Имено, тој во своето гостување во врска со тоа како Владата се справува со оваа пандемија го истакна следново:

„Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев , тој нека такцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држават и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина, ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју, јас сум сериозно загрижен од една едноствна причина и ценам дека нема доволно познавања“.

Мицкоски во своето гостување посочи дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се залудни и го додаде следово:

„Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот да се справат граѓаните со пандемијата која се повеќе се шири“.

Коронавирус