понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски: Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите

Мицкоски: Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струга, изјави дека треба да градиме пактови и сојузи кои ќе не носат кон иднината, бидејќи сите македонски граѓани делат иста мака, потребна е создавање на заедничка борба за подобра држава и подобра иднина, каде нема да има неправди, криминал и корупција.

– Да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите во џеб, и дека за доверба да ја добијат од граѓаните треба работа. Заеднички патриотизам е заеднички да успеваме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои се иселија од земјaва. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, да има повеќе можности за развој. Да носиме добри вести низ регионот, да се радуваме на нови инвестиции и нови добро платени работни места, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека затоа за новата иднина потребни се промени, проекти и победи, и дека тоа што го нуди ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 14 835 проекти од различни области, за различни реални потреби на нашите сограѓани, е во насока кон таа подобра иднина.

– Повеќе од 2000 ширум Македонија, Повеќе од 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови, 90 спортски сали за младите. Гасификација за поздрава животна средина и што ли уште не. Ова е тоа кое ние го нудиме, нагласи Мицкоски.

Мицкоски обраќајќи се до Албанците потсети како Заев прво зборуваше против ДУИ, но затоа потоа со нив формираше тендерска коалиција, а сите граѓани се оставен на мака покрадени и понижени и повика граѓаните да се обединат и да стават крај на оваа коалиција на власта која ја зароби државата.

Локални избори 2021