петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 124
home Вести

Мицкоски за законот за јазици: Се залагаме исклучиво за почитување на правото и ништо поинаку нема да прифатиме

Мицкоски за законот за јазици: Се залагаме исклучиво за почитување на правото и ништо поинаку нема да прифатиме

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, потсетува дека токму неговата партија побара формирање на работни групи  во врска со законот за јазици.

– Мислам дека ние бевме тие што први повикаа на дијалог, формирање на работни групи што ќе бидат составени од сите политички партии кои што се парламентарни, вклучување на експертската заедница, професорите се разбира и претставници на МАНУ, претставници на кабинетот на претседателот, а се со цел да го подобрат квалитетот на предлог решението. Ако зборуваме за законот за јазиците. Токму во врска со законот за јазиците ние побаравме пред неколку недели. Пред неколку седмици кога почна оваа постапка на трето читање на законот за јазици во Собранието на Република Македонија, побаравме формирање на работни групи кои што ќе бидат составени од претставници на сите парламентарни политички партии, претставници на МАНУ, претставник од кабинетот на претседателот, а се со цел подобрување на квалитетот, уставноста на законот, а она што е најважно целта на овој закон е да донесе бенефит во Република Македонија, а тоа е неговата применливост, истакна Мицкоски.

Мицкоски беше запрашан и дали нема да водат дебата за законот за јазици во оваа форма во која што е сега во Собранието ?

– Апсолутно ние имаме поднесено согласно процедурите амандмани, тие амандмани се влезени во собраниска процедура, очекуваме почитување на деловникот за работа на Собранието, очекуваме почитување на законите, очекуваме почитување на Уставот. Како партија се залагаме исклучиво за почитување на правото и ништо поинаку нема да прифатиме, истакна Мицкоски.

Коронавирус