петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Мицкоски за Владата на СДСМ: Ова е криминална и најнеспособна во историјата на независна Македонија

Мицкоски за Владата на СДСМ: Ова е криминална и најнеспособна во историјата на независна Македонија

„Светска банка излезе со извештај кој вели дека Македонија е единствената земја во регионот што го забавува растот за земјите од Западен Балкан. Ја наведува 2017 година со нула % раст и вели дека тоа се должи на политичката криза, лошите временски услови итн., но вели и дека во 2018 година Владата предвидуваше економијата да порасне од 3,2 %, но нема да порасне повеќе од 2,3%.  Повторно имаме 1% кој Владата претходно го предвидела, но не може да го исполни поради немањето капацитет и идеи, а тој 1% претставува точно 120 милиони евра. Уште поалармантно е што нема странски инфестициии, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Призма.

Мицкоски вели декја сѐ додека Владата се однесува надмено и не ги признае резултатите од минатото, ќе бидеме убедливо заковани на дното. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека веќе не се мериме со Европа, туку со регионот, а и тука сме последни.

-Па овој таканаречен реформски премиер гордо истапуваше пред народот и велеше ‘имаме јасна претстава што се случува, имаме јасен план и граѓаните веднаш ќе ги почувствуваат резултатите од нашата програма’. Десет месеци е четвртина од мандатот. Колку им треба, уште два мандата? , прашува Мицкоски реторички.

На списокот забелешки ги додава даноците собрани во првиот квартал годинава, за 7% помали од планираните и 2,69 % помалку од истиот период лани, капиталните расходи во првите два месеца од околу 16 милиони евра, за разлика од истиот период лани кога изнесувале 46 милиони евра.

„Од Владата велат – ние ги враќаме долговите од минатото. За тоа позајмија 34 милијарди денари од надворешни и домашни кредитори. Добро, вратиле долг од 17 милијарди денари, но другите 17 милијарди им стојат во НБРМ со камата нула. А истовремено за тие средства плаќаат камата кај тие што им ги позајмиле, околу еден и пол милион евра. Некој ќе одговара за тоа кога ВМРО ќе формира Влада“, предупредува Мицкоски.

Во голем дел од споредбените податоци ја посочува ЕЛЕМ, компанијата со која во еден период раководеше тој.

„Во првиот квартал ЕЛЕМ произвел 10% помалку електрична енергија. Во година со релативно блага зима им се поплави Охридско Езеро, истовремено Шпиље останува празно, а Глобочица им се прелева. Тоа е некадарност и незнаење, а во исто време порив да се направи криминал по принципот ‘дрпај бегај’. Нашите пратеници презентираа два скандала директно поврзани со ЕЛЕМ“, обвинува поранешниот директор. Потсeтува дека го оставил ЕЛЕМ сo рекордно производство, со нула долгови кон доверителите и вработените и со 25 милиони евра депозити во банките.

„Оставив и 14 развојни проекти, од кои два капитални, кои Владата ги поништи, за по 10 месеци да ги реобјави, но со услови соодветни само за двајца понудувачи наместо за 10 или 12 кои претходно ги одобрил Советот за јавни набавки“, обвинува Мицкоски.

Мицкоски вели дека вистинската тема е како оваа криминална влада ја уништува Македонија.

-Како Дамјан Манчевски во четири очи доделил тендер од 245.000 евра на некоја фирма. Kако ‘Си-ен-џи’ продава гас за период од 2008 до 2020 година во општина Струмица три години однапред, за набавка проценета на 54 милиони денари, а постигнале договор за 63 милиони денари само со еден понудувач, кој беше поврзуван со Митко Андреевски, советник во кабинетот на премиерот. И како се направени критериумите за да ги исполнува само еден понудувач? Како се даваат тендери во четири очи во РЕК Битола за ископ на јаглен…, набројува Мицкоски.

Мицкоски вели дека сѐ што порано било погрешно, а констатирале дека е погрешно, ќе биде коригирано. Тука нема дилема“, тврди тој.

Забелешки има и за градоначалниците. Граѓани му се „пофалиле“ дека во општините никогаш не било помирно: не виделе ни камион да асфалтира, ни багер да копа.

„Не е доволно да изнесете ‘скипче’, да повикате фоторепоретери и да објавите на портал дека конечно сте почнале да работите. Не можете да асфалтирате, да градите болница, градинка, ако немате проект. Прво треба тендер за проектирање, да заврши тоа проектирање, да се направат измени во деталните урбанистички планови, да се направи тендер за изведба врз основа на проектот, па дури кога ќе заврши тоа, да зборуваме за евентуална градба“, објаснува Мицкоски.

Темата на која Мицкоски нема дилеми е – дека ЕУ и НАТО се наши стратегиски партнери.

„Бев стипендист на италијанската и германската влада. Споделувам такви вредности како човек, како член на ВМРО-ДПМНЕ и претседател. Членството знае дека единствената алтернатива за напредок се ЕУ и НАТО“, тврди лидерот. Не прифаќа дека во еден период партијата отстапи од овие цели и дека нејзини членови на протести носеа пароли против ЕУ и НАТО.

„ВМРО-ДПМНЕ не добива од таков тип пароли и однесување. Врз основа на минатото да заклучиме што не е добро и да не го применуваме во иднина“, порачува Мицкоски.

 

Коронавирус