четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 204
home Вести

Мицкоски: За уништувањето на здравствениот систем виновни сме сите партии кои управувале со државата, но мора да се стави крај на тоа, на криминални тендери, директори кои полнат џебови и бегаат

Мицкоски: За уништувањето на здравствениот систем виновни сме сите партии кои управувале со државата, но мора да се стави крај на тоа, на криминални тендери, директори кои полнат џебови и бегаат

„ Не би бил чесен ако кажам дека целата вина е на ова раводство на СДСМ. Да точно сите наназад имаме и сносиме определана вина зошто нашиот здравствен систем е ваков каков што е, но од друга страна треба да сме сите свесни и да сме чесни да кажеме дека имаме исклучително квалитетни здравствени работници кои што не само во Македонија, туку се прознаени секаде во светот како луѓе кои што се исклучително квалитетни. Значи ние главниот ресурс го поседуваме, имаме луѓе кои што имаат светско знаење, само треба да им се обезбедат услови и да најдеме начин да ги задржиме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Клан Дебата на Клан.

Мицкоски додава дека потребен е посебен фокус кон здравството

Мора посебен фокус да имаме кон здравството. Ние денеска гледаме скандали кои што генерално се поврзани со еден поранешен директор на Фондот за Здравство и многу шпекулации. Во минатото пред пандемијата ни се случуваа тендери да одат во анонимни компании со мејлови од типи Жути, рече Мицкоски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има предвидено во нивната програма вложување во здравството и дека тоа што е предвидено ќе го испорачаат.

„Примарно е да сето она кое што го предвидиме во програмата, да го испорачаме. Ние имаме предвидено и нашиот пристап е невложување во тули, невложување во цигли, туку вложување во луѓе и во овој кадар кој што вие го споменавте кој сто на дневна основа ја напушта Македонија. Исклучително квалитетни луќе завршија со мене средно училиште, голем дел од нив се и медицински лица кои што денеска ги полнат клиниките во западна Европа, САД и Канада. Имаме прекрасни луѓе кои што работат и во клините во Германија, Швајцарија и тн. Треба да створиме услови да ги вратиме. Ако ние имаме во клиниките менаџмент на кој што приоритет му е тендерот дали ќе биде во четири очи или ќе биде вака или ќе биде така, тогаш тие луѓе немаат предизвик да се вратат, затоа што ние на тој начин не можиме да ги вратиме ако Жути 074 добива 37 милиони евра, човек фирма. Ние не можеме, ако доаѓаме на власт и раскинуваме договр за градење на клинички центар, не ова нечини ќе го праиме во Визбегово, не и таму не чни ќе го правиме во Ѓорче, имајќи ја предвид ситуацијата и таму нема да се направи. Но ние имаме стратегија, поинаку да го интегрираме здравствениот систем и да обезбедиме за тие луѓе услови да се вратат, пред се финансиски но и услови на работа

Парламентарни избори 2020